Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) БОБАН АВАЛОН: Ова што го направивме со Гета во Скопје е исто како во Стајковци да организирате трка за Формула 1

Во моментов на прес-конференцијата, директорот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, ги соопштува деталите за организацијата на концертот на Дејвид Гета во Скопје. Тој истакна дека Гета во Скопје бил донесен и реализиран според исти продукциски и организациски критериуми како на неговите настапи во големите западноевропски градови, меѓу кои и Париз.
Милошески направи споредба дека организацијата на ваков настан во Скопје е „исто како да организирате трка за Формула 1 во Стајковци“. Според него, шоуто било реализирано на високо продукциско и организациско ниво, по стандарди карактеристични за Западна Европа, а целиот настан поминал без ниту еден инцидент.
View this post on Instagram

