Хроника

ТЕПАЧКА ВО СЕМЕЈНА КУЌА ВО ТЕТОВО: Пет лица ќе одговараат за насилство

Пет лица од Тетово добија кривична пријава за насилство по меѓусебна физичка пресметка во двор на семејна куќа.

ТЕПАЧКА ВО СЕМЕЈНА КУЌА ВО ТЕТОВО: Пет лица ќе одговараат за насилство

Расправијата прераснала во физичка пресметка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против пет лица од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Станува збор за 43-годишен, 25-годишен, 38-годишен, 28-годишен и 51-годишен жител на Тетово. Според пријавеното, инцидентот се случил на 25 јуни 2026 година во дворот на семејна куќа во Тетово, каде што живеат пријавените.

Семејната расправија ескалирала

На настанот му претходела расправија помеѓу двајца од пријавените, по што ситуацијата ескалирала во меѓусебна физичка пресметка. Со тепачката бил нарушен јавниот ред и мир, по што случајот бил пријавен и преземен од страна на полицијата. Против петтемина сега е поднесена кривична пријава за „насилство“.

ОЗНАКИ: ТЕТОВО