Магазин
Дознај прв
ХОРОР ВО ШВАЈЦАРИЈА: Автобус со 48 холандски туристи се преврте, има загинати и повредени
Тешка сообраќајна несреќа во Швајцарија: автобус со 48 холандски туристи излетал од патот и се превртел, има загинати и повредени.

Автобусот излетал од патот во Швајцарија
Тешка сообраќајна несреќа се случила во источниот дел на Швајцарија, кога автобус со 48 холандски туристи излетал од патот и се превртел. Несреќата се случила на патот меѓу Суш и Цернец, каде автобусот удрил во заштитна ограда покрај градилиште, ја пробил и потоа се превртел на бок. На местото на несреќата веднаш пристигнале голем број екипи на Итната помош, спасувачи и хеликоптери.
Се истражуваат причините за несреќата
Според првичните информации, во автобусот имало вкупно 49 холандски државјани – возачот и 48 патници. Холандските медиуми пренесуваат дека се претпоставува оти возачот можеби морал нагло да скршне за да избегне препрека или камења на патот, но околностите сè уште се истражуваат. Швајцарските власти најавија темелна истрага, додека точниот број на загинати и повредени во моментот на објавувањето не е соопштен.

