Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) ЏАБЕ БЕА КРИТИКИТЕ ЗА ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ: И бугарските одбојкари даваа изјави на англиски јазик

Критиките кон македонскиот одбојкар Ѓорѓи Ѓорѓиев поради тоа што даде изјава на англиски јазик по мечот со Бугарија на Европското првенство се покажаа како неоправдани. Наредбата за изјавите на англиски јазик доаѓала директно од Европската одбојкарска федерација и важела за сите репрезентации. Тоа го потврдува и фактот што бугарските одбојкари по натпреварот, иако играа на домашен терен во Софија, исто така давале изјави на англиски јазик. Меѓу нив бил и бугарскиот репрезентативец Симеон Николов.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
Ѓорѓиев, кој шест години настапуваше во Бугарија за неколку клубови, по мечот на прашањето зошто интервјуто го дава на англиски кратко одговори: „Така ни кажаа“.
(ВИДЕО) „ТАКА НИ КАЖАА“: Одбојкарот Ѓорѓи Ѓорѓиев по мечот со Бугарија даде изјава на англиски јазик
И покрај тоа, неговата изјава предизвика низа реакции кај бугарската и македонската јавност кои го критикуваа, а особено кај дел од бугарските националисти. По ова, се гледа дека критиките се целосно НЕОПРАВДАНИ.
