Регион

ГРЦИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМУВА ДАНОКОТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА КУПАТ НЕДВИЖНОСТ: Наместо 3, сега ќе плаќаат 15 отсто!

Грција го зголемува данокот за купувачите од земји надвор од ЕУ од 3 на 15 отсто, што ќе ги погоди и Македонците кои купуваат недвижности.

ГРЦИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМУВА ДАНОКОТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КОИ САКААТ ДА КУПАТ НЕДВИЖНОСТ: Наместо 3, сега ќе плаќаат 15 отсто!

Грција го зголемува данокот за Македонците кои сакаат да купат имот

Македонците кои планираат да купат недвижност во Грција ќе се соочат со значително повисок данок. Грчката влада планира данокот за купувачите од земји надвор од Европската Унија да го зголеми од досегашните 3 на дури 15 отсто. Мерката е најавена од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и треба да се применува од 2027 година. Според најавите, промената ќе се однесува на физички лица кои се даночни жители на земји надвор од ЕУ, со одредени исклучоци.

Од грчката влада велат дека зголемената побарувачка од странски купувачи придонесува за раст на цените на недвижностите и ја намалува достапноста на имоти за локалното население. Тоа значи дека за недвижност вредна 300.000 евра, данокот наместо 9.000 би изнесувал 45.000 евра. Кај имот од 500.000 евра, данокот би се зголемил од 15.000 на 75.000 евра.

Грција го зголемува данокот за Македонците, но и за сите други жители на држави кои не се членки на ЕУ. Граѓаните со различни коментари на нашата објава.

Жан Митрев