Спорт
Дознај прв
ВАРДАР НАПРАВИ ПРЕСВРТ, НО ПОВТОРНО БЕЗ ПОБЕДА: Натпреварот со Башкими заврши 3:3 во Куманово

Актуелниот шампион Вардар одигра 3:3 на гостувањето кај Башкими во Куманово во натпреварот од седмото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Домашниот тим одлично го започна натпреварот и со головите на Исмаили во 21. и Да Силва во 33. минута стигна до предност од 2:0. Вардар намали на 2:1 во 37. минута преку Давид Бабунски, а во второто полувреме следуваше целосен пресврт. Гоан Закариќ со два гола во 70. и 72. минута го доведе Вардар во водство од 3:2.
Сепак, Башкими не се предаде и Саити во 87. минута го постигна голот за конечни 3:3. Со освоениот бод Вардар стигна до 11 бодови и останува на четвртото место на табелата, додека Башкими има четири бодови.

