Македонија
Дознај прв
ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“: Денеска пред судот повторно градежните вештаци
Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Одбраната ќе ги испрашува градежните вештаци за објектот.

Одбраната ќе ги испрашува вештаците
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Предметот се наоѓа во доказна постапка, а денешното рочиште ќе продолжи со вкрстено испрашување на тимот градежни вештаци кој го изработил градежното вештачење на Обвинителството. На претходното рочиште одбраната поставуваше прашања до вештаците професор Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, поврзани со урбанистичкиот статус на објектот.
По доказите на Обвинителството, следува одбраната
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Со распитот на вештаците од Градежниот факултет при УКИМ се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството. Потоа, одбраната треба да започне со изведување на своите докази. Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на Македонија.

