Свет

ТРАМП ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН: „Се надеваме дека сме близу крајот“

Доналд Трамп изјави дека се надева оти војната со Иран е блиску до крајот и дека Техеран сака да постигне договор.

ТРАМП ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН: „Се надеваме дека сме близу крајот“

Трамп вели дека Иран сака да постигне договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти војната со Иран е блиску до својот крај. „Се надевам дека сме на крајот од војната“, им изјавил Трамп на новинарите, додавајќи дека Иран сака да постигне договор и дека останува да се види како ќе се одвиваат работите. Трамп исто така рекол дека добил порака директно од Иран, но не открил повеќе детали за нејзината содржина. Во меѓувреме, „Аксиос“ објави дека Трамп следната недела во Њујорк би требало да се сретне со лидерите или министрите за надворешни работи на земјите од Персискиот Залив. На состанокот, според извештајот, би се разговарало за американските планови за повоената стратегија. Во Советот за соработка на Арапскиот Залив членуваат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман. Белата куќа и Стејт департментот засега не го коментирале извештајот.

Војната влезе во седмиот месец

Според информациите објавени од „Ројтерс“, војната започнала на 28 февруари со американски и израелски напади врз Иран, по што Техеран возвратил со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски бази. Трамп како една од целите на војната го посочи слабеењето на нуклеарните капацитети на Иран, додека Техеран тврди дека неговата програма за збогатување ураниум има мирољубив карактер.

Жан Митрев