Свет
Дознај прв
МЕРЦ ИМА ПРОБЛЕМ?: Речиси половина од Германците очекуваат канцеларот да биде сменет
Анкета на YouGov покажува дека 48 отсто од Германците очекуваат Фридрих Мерц да биде сменет од функцијата до крајот на годинава.

Анкетата покажува пад на поддршката за Мерц
Речиси половина од германските граѓани очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да не остане на функцијата до крајот на годинава. Според анкета на „YouGov“ спроведена меѓу 1.611 испитаници, 48 отсто сметаат дека Мерц ќе биде сменет до крајот на 2026 година, додека 31 отсто очекуваат тој да остане канцелар. Дваесет и еден отсто од анкетираните не дале одговор. Анкетата доаѓа во период на политички притисок врз Мерц и неговата Христијанско-демократска унија (CDU).
Неизвесност пред изборите во две покраини
Мерц се соочува со дополнителен притисок по изборниот резултат на CDU во Саксонија-Анхалт, а вниманието сега е насочено кон изборите во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин. Според објавените податоци, CDU има ниска поддршка во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се води неизвесна трка за првото место. И покрај политичкиот притисок, Мерц порача дека нема намера да се откаже од функцијата. Неговата лична поддршка исто така бележи пад во однос на периодот кога ја презеде функцијата.