Хроника

ДРАМА ВО ШТИПСКИ РЕСТОРАН: 28-годишник ја нападнал партнерката и се заканувал на полицаец

28-годишник од Штип е лишен од слобода откако ја нападнал партнерката во ресторан и се заканувал на полициски службеник.

ДРАМА ВО ШТИПСКИ РЕСТОРАН: 28-годишник ја нападнал партнерката и се заканувал на полицаец

Се скарал со вработените, па ја нападнал партнерката

На 19 септември во 00:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Б.М. (28) од Штип. Според информациите од МВР, тој претходно, додека бил работно ангажиран во угостителски објект во Штип, по вербална расправија со вработените физички ја нападнал неговата партнерка С.М. (29), која исто така работела во објектот. По инцидентот, 28-годишникот продолжил со закани, овојпат кон полициски службеник кој извршувал службени дејства. Случајот бил пријавен до јавен обвинител.

По целосното документирање во Штип ќе следува пријава

Од МВР информираат дека случајот се документира, по што против Б.М. ќе следува соодветна пријава. Полицијата продолжува со расчистување на сите околности поврзани со инцидентот во угостителскиот објект.

ОЗНАКИ: штип