Скопје

БУТЕЛ ДОБИВА ДИРЕКТНА ВРСКА СО АЕРОДРОМ: Линијата 35 продолжува до Радишани

БУТЕЛ ДОБИВА ДИРЕКТНА ВРСКА СО АЕРОДРОМ: Линијата 35 продолжува до Радишани

Автобуската линија 35 ќе биде продолжена до Радишани, со што жителите на Општина Бутел ќе добијат директна поврзаност со Аеродром. Информацијата ја објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој соопшти дека процедурата за продолжување на линијата е завршена. Според него, постигнат е договор со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, и директорот на ЈСП за продолжување на трасата до Радишани. Во наредните денови ќе биде презентиран новиот возен ред, по што за неколку дена ќе биде пуштена и пробна линија. Таа ќе сообраќа до последната станица на линијата 57 во Радишани. Доколку има интерес од граѓаните, продолжената линија се очекува да стане трајно решение. Новото сообраќање треба да започне во наредните денови, по објавувањето на возниот ред.