Свет
Дознај прв
БАБИШ СО КРИТИКИ ДО ЕВРОПА: „Не прави ништо за да ја запре војната во Украина“
Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја критикуваше Европа дека не презема доволно за запирање на војната во Украина и повика на разговори за мир.

Чешкиот премиер повика на разговори за мир
Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја обвини Европа дека не презема доволно за да се стави крај на војната во Украина. Во своето редовно неделно видеообраќање на „Фејсбук“, Бабиш порача дека Европа е „немоќна и зборува само за војна“. Тој истакна дека, покрај потребата земјите да бидат подготвени за можни безбедносни закани, потребна е и иницијатива за разговори за мир.
Бабиш: Треба да направиме сè за да запре војната
Чешкиот премиер посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп разговара со рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека и Европа треба да биде поактивна во дипломатските напори. „Треба и ние, како Европа, да направиме сè за да ја запреме таа војна“, порача Бабиш. Неговите изјави ги даде облечен во маица со натпис „НЕ ЗА ВОЈНА“.
