Хроника

ПИЈАН МЕКСИКАНЕЦ УАПСЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Нападнал полицаец со тврд предмет

31-годишен Мексиканец е уапсен во Ѓорче Петров откако нападнал полицаец со тврд предмет. Кај него биле измерени 2,30 промили алкохол.

ПИЈАН МЕКСИКАНЕЦ УАПСЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Нападнал полицаец со тврд предмет

Имал 2,30 промили алкохол во крвта

31-годишен државјанин на Мексико бил лишен од слобода во Скопје, откако одбивал да се легитимира и се однесувал агресивно. Инцидентот се случил на 19 септември околу 21 часот во парк во Ѓорче Петров, каде што се одржувала манифестација. Според МВР, Х.И.Б.Л. (31) физички нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија, при што употребил и тврд предмет. При преземените мерки било утврдено дека 31-годишникот бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,30 промили алкохол во крвта.

По целосното документирање ќе следува пријава

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето било лишено од слобода по инцидентот и задржано во полициска станица. Случајот се документира, а по целосното расчистување на околностите против 31-годишниот мексикански државјанин ќе следува соодветна пријава.