Хроника

ТЕТОВЕЦ И КУМАНОВЕЦ СЕ СТЕПАЛЕ ВЧЕРА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Познати деталите за вчерашната пресметка

ТЕТОВЕЦ И КУМАНОВЕЦ СЕ СТЕПАЛЕ ВЧЕРА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Познати деталите за вчерашната пресметка

Вчера на Меѓународниот аеродром Скопје дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи, по претходна расправија. Според МВР, станува збор за 20-годишниот Б.Т. од Тетово и 42-годишниот Б.А. од Куманово. Во физичката пресметка бил употребен и тврд предмет, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 19:10 часот.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Снимката од тепачката вчера се прошири на социјалните мрежи, при што патници се обидуваа да ги разделат двајцата мажи. МВР денеска потврди дека станува збор за нарушување на јавниот ред и мир. Од полицијата засега не соопштуваат што ја предизвикало расправијата, дали некој од учесниците бил повреден или дали некој бил лишен од слобода. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.