Регион

(ВИДЕО) ПРВ СНЕГ ВО СРБИЈА: Голија забелеа во септември

На планината Голија во Србија денеска падна првиот снег оваа сезона. Снегулките се топат поради релативно високите температури.

(ВИДЕО) ПРВ СНЕГ ВО СРБИЈА: Голија забелеа во септември

Снегулките во Голија се топат веднаш по паѓањето

На планината Голија, во близина на Ивањица во Србија, денеска падна првиот снег оваа сезона. Снегот паѓа со засилен интензитет, но поради релативно високите температури снегулките веднаш се топат и засега не се формира снежна покривка. Првите септемвриски снегулки ги изненадија жителите на планинските села, иако велат дека ваквата појава не е невообичаена за Голија. Планината е позната по променливото време и долгите зими, па првите снежни врнежи не се изненадување за локалното население. До заладувањето дошло по продорот на постуден воздух во делови од Србија.

Заладувањето ќе биде краткотрајно

Според прогнозите, студениот период во Србија ќе биде краткотраен, по што повторно се очекува пораст на температурите. Сепак, првите снегулки на Голија се најава дека зимските услови постепено почнуваат да се приближуваат на повисоките планински предели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Planina Golija (@_golija)