Македонија

ЗА МНОГУ ГОДИНИ МИТРОВДЕН: Денеска се празнува Светиот великомаченик Димитриј

Денеска е Митровден, празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј. Именден слават Димитар, Мите, Митре и Митко.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ МИТРОВДЕН: Денеска се празнува Светиот великомаченик Димитриј

Денес е Митровден

Православните верници денеска го одбележуваат големиот христијански празник Светиот великомаченик Димитриј, познат како Митровден. Именден празнуваат сите што го носат името Димитар, како и неговите изведени форми Мите, Митре и Митко. Свети Димитриј бил роден во Солун, во благородно семејство, а по смртта на неговиот татко бил поставен за солунски војвода. Наместо да ги прогонува христијаните, како што му наредил царот Максимилијан, тој јавно ја проповедал христијанската вера и одбил да се откаже од своите убедувања.

Од војвода до христијански маченик

Поради својата вера, Димитриј бил затворен, а својот имот му го доверил на верниот ученик Луп за да го подели на сиромашните. Неколку дена подоцна, војници го убиле во затворот со копја. Неговото тело тајно го презеле христијаните и го погребале со почит.

Заштитник на Солун и почитуван светец

Свети Димитриј се почитува како еден од големите христијански великомаченици и заштитник на Солун. Неговиот празник традиционално се одбележува на 8 ноември, а во народната традиција Митровден се смета и за значаен датум кој го означува преминот кон зимскиот период.

Жан Митрев