Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ МОЖЕН ДОЖД: Какво време нè очекува денеска?

Денеска, 8 ноември, променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд. Во Скопје температурата ќе достигне до 15 степени.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ МОЖЕН ДОЖД: Какво време нè очекува денеска?

Времето денеска, 8 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во попладневните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Какво време ќе има во Скопје?

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури под нулата во делови од земјата

Минималните температури на места ќе се спуштат до минус 3 степени, додека максималните ќе достигнат до 15 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува температурата да се движи од околу 3 до 15 степени.

Жан Митрев