Дознај прв
МИЦКОСКИ ВО ЊУЈОРК СО НИЗА СРЕДБИ: Европската перспектива и регионалната соработка во фокусот
Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средби со Каја Калас, Александар Стуб, Андреј Пленковиќ и Албин Курти.

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари повеќе средби на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, со фокус на европската перспектива на Македонија, регионалната соработка и безбедноста. Мицкоски се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, со која разговарал за регионалните предизвици, зајакнувањето на соработката и заедничките приоритети. Тој имаше средба и со претседателот на Финска, Александар Стуб, со кого разговарал за мирот, дијалогот, меѓународното право и мултилатералната соработка. Во Њујорк Мицкоски разговараше и со премиерите на Хрватска и Косово, Андреј Пленковиќ и Албин Курти, при што во фокусот биле добрососедските односи и регионалните предизвици. Премиерот според најавите утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН, при што се очекува да зборува и за европските интеграции на Македонија и предизвиците во процесот.
Мицкоски на средба со Каја Калас
На средбата со Калас биле разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за дополнително зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен и безбеден регион.
Разговори со регионалните лидери
Мицкоски во рамки на престојот во Њујорк имаше одделни средби со Пленковиќ и Курти, а учествуваше и на панел-дискусија чиј домаќин беше финскиот претседател Стуб.
