Македонија
Дознај прв
ДВОГЛАВ ОРЕЛ ГО ЗАМЕНИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА КОРАБ: Поставена метална конструкција на врвот
Фотографии од врвот на Кораб покажуваат поставен двоглав орел на постаментот со ознаката за надморска височина.

Двоглав орел поставен на постаментот на Кораб
На социјалните мрежи се појавија фотографии од врвот на планината Кораб на кои се гледа поставен двоглав орел. Според објавените информации, металната фигура е поставена на постаментот на кој се наоѓа ознаката за надморската височина. Двоглавиот орел е симбол кој се наоѓа и на државното знаме на Албанија.
Фотографии од планинари
На фотографиите се гледаат и планинари рекреативци кои позираат покрај поставената фигура на врвот. Засега нема дополнителни информации кој го поставил орелот и кога точно е поставен на оваа локација. Фотографиите предизвикаа внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците споделуваат снимки од врвот на Кораб.
View this post on Instagram
