Хроника

КОМБЕ ЗА УЧЕНИЦИ СО НЕИСПРАВНИ КОЧНИЦИ: Превезувало двојно повеќе деца од дозволеното

Полицијата кај Табановце откри комбе со 18 ученици наместо дозволените 9, а вонредниот технички преглед покажал неисправни кочници.

КОМБЕ ЗА УЧЕНИЦИ СО НЕИСПРАВНИ КОЧНИЦИ: Превезувало двојно повеќе деца од дозволеното

Полицијата го запрела кај Табановце

Полицијата при контрола кај Табановце открила сериозни неправилности кај комбе наменето за организиран превоз на ученици. Во возилото биле превезувани 18 деца, иако според сообраќајната дозвола било дозволено да има најмногу девет лица. Контролата била извршена на 25 септември на локалниот пат Куманово-Табановце.

Утврдени и проблеми со кочници

При вонреден технички преглед било утврдено дека возилото има неисправности кај уредите за сопирање, односно проблеми со силата на работната и помошната кочница. Комбето е исклучено од сообраќај до отстранување на недостатоците. Против правниот субјект, одговорното лице и возачот се преземени соодветни мерки и ќе следуваат законски предвидени санкции.

ОЗНАКИ: мвр