Македонија
Дознај прв
Денеска е Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
Денеска, 27 септември, православните христијани го одбележуваат Крстовден – Воздвижението на Чесниот Крст, со строг пост и молитва.

Верниците го одбележуваат Воздвижението на Чесниот Крст – Крстовден
Православните христијани денеска, 27 септември, го одбележуваат Воздвижението на Чесниот Крст – Крстовден, еден од големите христијански празници. Празникот е посветен на Чесниот Крст на кој, според христијанското предание, бил распнат Исус Христос. Со него се поврзува пронаоѓањето на Крстот од страна на царицата Елена, мајката на царот Константин Велики. Празникот е поврзан и со враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим, откако бил однесен по персиското освојување на градот. Крстовден е ден на строг пост, молитва и духовно преиспитување за православните верници. Во христијанската традиција Крстот се смета за симбол на победата над светската суета, но и на смирението и духовната сила на човекот. Денешниот празник воедно потсетува на значењето на верата и на жртвата на Христос за христијаните.
