Македонија
Дознај прв
УТРЕ Е КРСТОВДЕН: Строг пост и празник посветен на Чесниот Крст
Утре, 27 септември, православните христијани го одбележуваат Крстовден – празник посветен на Чесниот Крст, со строг пост и молитва.

Верниците го одбележуваат еден од големите христијански празници – Крстовден
Православните христијани утре, 27 септември, го одбележуваат Воздвижението на Чесниот Крст – Крстовден, еден од големите христијански празници посветен на Крстот Христов. Денот е посветен на молитва, покајание и строг пост, без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа. Според христијанското предание, празникот се поврзува со пронаоѓањето на Крстот на кој бил распнат Исус Христос, кое се поврзува со царицата Елена, мајката на цар Константин. Со празникот се поврзани и бројни народни обичаи, а во традицијата се смета дека тој го означува и почетокот на гроздоберот. Првото набрано грозје според обичајот се носи во црква за да биде осветено, а во некои краишта се подготвува и посебен обреден леб со крст во средината. Во народните верувања Крстовден се смета за ден со особена духовна сила, па постои верување дека молитвите упатени на овој празник ќе бидат слушнати. На празникот именден празнуваат Крсто, Крстана, Кристо, Кристина, Кристијана и други имиња поврзани со Крстот.
