Магазин
Дознај прв
ДОМАТ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ КАЈ ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ: Ново истражување открива интересни резултати
Ново истражување покажува дека секојдневното консумирање домати може да помогне во намалувањето на мастите во црниот дроб.

Дневната консумација на домат била поврзана со поголемо намалување на мастите во црниот дроб
Ново италијанско истражување покажува дека секојдневното консумирање домати може да помогне во намалувањето на наталожените масти во црниот дроб. Во студијата POMOSANO учествувале 79 возрасни лица со метаболички поврзана масна болест на црниот дроб, односно MASLD. Едната група шест недели консумирала по 200 грама свежи домати и 50 грама доматен сос дневно. По шест недели, мастите во црниот дроб се намалиле кај двете групи, но намалувањето било 1,9 пати поголемо кај оние кои јаделе домати.
Истражувачите предупредуваат дека се потребни поголеми студии
Научниците сметаат дека ликопенот, природниот пигмент кој им ја дава црвената боја на доматите, би можел да има улога во резултатите. Сепак, во истражувањето не била измерена количината на ликопен во крвта, па не може со сигурност да се утврди дека токму тој е причината за намалувањето на мастите. Дополнително, не биле забележани значајни промени во телесната тежина, црнодробните ензими, инсулинската резистенција и други важни показатели. Авторите нагласуваат дека студијата била мала и траела само шест недели, па се потребни поголеми и подолгорочни истражувања за да се потврдат резултатите.
