Свет
Дознај прв
ТРАГЕДИЈА ВО РУСКИ РУДНИК: Најмалку четворица загинаа во експлозија на резервоар со метан
Најмалку четворица загинаа во експлозија во рудникот „Елга“ во Јакутија, Русија, по експлозија на резервоар со метан.

Несреќата се случила за време на заварувачки работи во Русија
Најмалку четири лица загинаа во експлозија во рудникот за јаглен „Елга“ во руската република Јакутија. Според прелиминарните информации, несреќата се случила поради прекршување на безбедносните правила за време на заварувачки работи на резервна пумпна станица. Руската телевизија РЕН објави дека експлодирал резервоар со метан во близина на кој работниците изведувале заварувачки работи. Регионалното обвинителство потврди дека во експлозијата има загинати, додека точниот број жртви првично не бил соопштен. Рудникот „Елга“ е најголемото наоѓалиште на јаглен во Русија и се наоѓа на околу 415 километри од градот Нерјунгри. Во рудникот работат околу 10.000 луѓе. Надлежните органи започнале истрага за утврдување на сите околности и причините за несреќата.
