Дознај прв
ВУЧИЌ СЕ ПОВЛЕЧЕ, БРНАБИЌ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА: Србија од денеска доби фунција в.д. претседател
Ана Брнабиќ ја презеде функцијата в.д. претседателка на Србија по оставката на Александар Вучиќ. Претседателските избори треба да се одржат до крајот на декември.

Ана Брнабиќ денеска ја презеде должноста вршител на функцијата претседател на Србија, откако Александар Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција. При примопредавањето, Вучиќ ѝ ги предаде претседателскиот печат, документите за помилувања и останатата службена документација.
Брнабиќ ќе ја извршува функцијата привремено
Брнабиќ, која досега беше претседател на Народното собрание на Србија, ќе биде в.д. претседателка до изборот на нов шеф на државата. Според законските одредби, таа може да ја извршува функцијата најмногу три месеци.
Претседателски избори најдоцна до крајот на декември
По престанокот на мандатот на Вучиќ, треба да се одржат претседателски избори. Според објавените информации, првиот круг мора да биде одржан најдоцна до 27 декември, додека во Србија веќе се закажани и вонредни парламентарни избори за 25 октомври.
Вучиќ се повлече пред парламентарните избори
Вучиќ оставката ја поднесе на 27 септември, образложувајќи дека сака да учествува на претстојните парламентарни избори без да ја извршува функцијата претседател. Тој е кандидат на Српската напредна партија за премиер.
