Македонија
Дознај прв
(ФОТО) ПО 15 ДЕНА БЕЗ ОДГОВОР: Д-р Василевски започна штрајк со глад пред Деканатот

Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски денеска започна мирен протест со штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Како што објави, на овој чекор се решил откако во изминатиот период не добил одговор од надлежните институции на неговите прашања и реакции. Василевски претходно најави штрајк со глад поради спорот околу последниот оглас за вработување двајца доктори по медицина на неопределено време во Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија.
ЛЕКАРОТ ВАСИЛЕВСКИ НАЈАВИ ШТРАЈК СО ГЛАД: Тврди дека трипати бил одбиен поради возраста
Тој тврди дека во постапката имало нетранспарентност и нееднаков третман, а претходно зборуваше и за наводни дискриминаторски забелешки поврзани со неговата возраст. На местото на протестот поставил клупа, а најавил и поставување шатор. Според неговата најава, има намера да престојува таму 24 часа дневно во периодот што следи. Василевски истакна дека одлуката не ја донел лесно и дека протестот не е насочен лично против никого.
Извор: Прес24
