Македонија
Дознај прв
ЈОВАНОВ ПОНУДИЛ ИМОТ КАКО ГАРАНЦИЈА: Обвинителството го одби предлогот
Дејан Јованов побара гаранција од 195.820 евра со недвижен имот за излез од куќен притвор, но обвинителството го одби предлогот.

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, побарал да излезе од куќен притвор со понуда за гаранција во вредност од 195.820 евра. Јованов како гаранција понудил недвижен имот, меѓу кој и помошни простории, шупа, плевна и други објекти, пренесе СДК.
