Македонија
Дознај прв
УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ: Тимчо Муцунски ја пречека на скопскиот аеродром

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Скопје, по посетата на Албанија. На скопскиот аеродром таа беше пречекана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. За време на посетата на Македонија се очекува фон дер Лајен да оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски. Предвидена е и средба со претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Посетата се одвива во рамки на нејзината регионална турнеја низ Западен Балкан. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат односите меѓу Македонија и Европската Унија.
