Регион

СЛОВЕНЦИТЕ ДЕНЕСКА НА ЧЕТИРИ РЕФЕРЕНДУМИ: Гласачите одлучуваат за кои прашања ќе се изјаснат

Словенците гласаат на четири референдуми за парламентарните истраги, социјалната помош, правото на глас на странците и радиодифузната такса.

СЛОВЕНЦИТЕ ДЕНЕСКА НА ЧЕТИРИ РЕФЕРЕНДУМИ: Гласачите одлучуваат за кои прашања ќе се изјаснат

Во Словенија денеска се одржуваат четири референдуми, на кои граѓаните ќе можат да се изјаснат за прашања од јавен интерес. Гласачите имаат можност сами да одлучат на колку од прашањата ќе одговорат, односно можат да гласаат за едно, неколку или за сите прашања.

За кои прашања гласаат Словенците?

Граѓаните одлучуваат за измените на Законот за парламентарни истраги, условувањето на социјалната помош за работоспособните лица со вршење општокорисна работа, ограничувањето на правото на глас на локалните избори за државјани на земји надвор од Словенија и Европската Унија, како и за укинување на задолжителната радиодифузна такса за програмите на Радио-телевизија Словенија.

Еден законодавен и три советодавни референдуми

Од четирите референдумски прашања, едното се однесува на законодавен референдум за измените на Законот за парламентарни истраги, додека останатите три се советодавни. Тоа значи дека резултатот од законодавниот референдум може да влијае врз стапувањето во сила на законот, а резултатите од советодавните референдуми не се правно обврзувачки за парламентот. Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот.