Хроника

ТРАГЕДИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Загина 57-годишен маж

57-годишен охриѓанец загина откако се превртело неговото кану на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, кај месноста „Извиднички“.

ТРАГЕДИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Загина 57-годишен маж

57-годишен охриѓанец го загубил животот во несреќа на Охридското Езеро, откако се превртело кануто со кое управувал. Несреќата била пријавена вчера во 18:30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Според информациите од СВР Охрид, кануто се превртело во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот.

Лекар констатирал смрт на Охридското Езеро

На местото на несреќата веднаш биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош. Лекарот констатирал смрт кај 57-годишниот охриѓанец, а увид извршила екипа на СВР Охрид.

Телото е дадено на обдукција

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Причините и околностите под кои дошло до превртувањето на кануто треба да бидат утврдени во текот на истрагата.