Македонија

КЛЕКОВСКИ ВО БЕЛГРАД: Македонија и Србија ќе ја зајакнуваат соработката во здравството

Сашо Клековски во Белград разговараше за лекување сложени случаи во Србија, стручни консултации, обуки и дигитализација на здравството.

КЛЕКОВСКИ ВО БЕЛГРАД: Македонија и Србија ќе ја зајакнуваат соработката во здравството

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска престојуваше во работна посета на Белград, каде што се сретна со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија. На средбите се разговарало за унапредување на соработката меѓу двете земји во лекувањето на сложени медицински состојби и зајакнувањето на капацитетите на македонското здравство.

Лекување во Србија и стручна помош за сложени случаи

Клековски му се заблагодарил на српскиот колега за помошта што Србија ја пружи во првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговарале за продолжување на лекувањето на повредените во српските здравствени установи, како и за можностите за второ медицинско мислење и заеднички консултации на стручни тимови. Предвидени се и партнерства меѓу референтните центри во Србија и македонските клиники, преку обуки, стручни престои и менторство.

Клековски

Клековски  – фокус и на дигитализацијата на здравствениот систем

За време на посетата на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Клековски се сретнал со в.д. директорката Јелена Друловиќ и ја посетил Клиниката за неврологија и Центарот за мултипла склероза. Соговорниците разговарале и за згрижувањето на пациентите со мозочен удар, како и за можностите за соработка меѓу српскиот центар и универзитетските клиники во Скопје. На средбите била отворена и темата за дигитализација и поврзување на здравствените информациски системи, при што било посочено дека Србија го користи системот „Мој термин“, развиен во Македонија