Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) МЕЧКА ЗАБЕЛЕЖАНА ВО ДОБРИ ДОЛ: Вторпат е видена во близина на основно училиште
Жителите на Добри Дол, Општина Врапчиште, се загрижени откако мечка по вторпат била забележана во близина на училиштето „Сали Лиси“.

Жителите на Добри Дол, гостиварско, во Општина Врапчиште, се вознемирени откако мечка по вторпат била забележана на улицата во близина на основното училиште „Сали Лиси“. Според информациите што ги пренесуваат локалните жители, присуството на дивото животно е регистрирано и на снимки од безбедносните камери. Повторното појавување на мечката во истото подрачје предизвикува загриженост, особено поради близината на училиштето и движењето на децата и жителите.
Апел за внимателност кај жителите на Добри Дол
На жителите им се препорачува да бидат внимателни при движење во околината и да избегнуваат приближување кон животното доколку повторно го забележат. Секое ново забележување треба да биде пријавено до надлежните институции, кои можат да проценат какви мерки се потребни.
