Македонија

ДЕНЕСКА ЗАСЕДАВААТ ШЕСТ СОБРАНИСКИ КОМИСИИ: На дневен ред закони за образование, наука и пензиско осигурување

Собраниски комисии денеска ќе заседаваат во Собранието, а на дневен ред се закони за образование, наука и пензиско осигурување.

ДЕНЕСКА ЗАСЕДАВААТ ШЕСТ СОБРАНИСКИ КОМИСИИ: На дневен ред закони за образование, наука и пензиско осигурување

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии, на кои ќе се разгледуваат повеќе точки од областа на социјалната политика, образованието, безбедноста, политичкиот систем и законодавството.

Според најавата, седници ќе одржат Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе биде Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година.

На Комисијата за образование, наука и спорт, пак, на дневен ред се Предлог-законот за високото образование, Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и Предлог-законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање.