Регион
Дознај прв
БИЛИЌ СЕ ВРАЌА НА КЛУПАТА НА ХРВАТСКА: Поранешниот селектор повторно ќе ја води репрезентацијата?!
Славен Билиќ ќе биде нов селектор на Хрватска и повторно ќе ја води репрезентацијата по повеќе од една деценија.

Славен Билиќ ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска, објавуваат хрватските медиуми.
Според информациите, Билиќ треба да се врати на клупата на „коцкестите“ по повеќе од една деценија. Тој веќе беше селектор на Хрватска од 2006 до 2012 година, период во кој репрезентацијата играше препознатлив и офанзивен фудбал.
Билиќ во тренерската кариера водеше повеќе клубови, меѓу кои Вест Хем, Ватфорд, Бешикташ и Ал Фатех, а сега повторно добива можност да работи со националниот тим.
Неговото враќање доаѓа во момент кога Хрватска бара нова енергија и стабилност на селекторската позиција, со цел продолжување на добрите резултати на меѓународната сцена.
