Македонија
Дознај прв
ДИМИТРОВСКИ ОД СОФИЈА: Бугарите во Уставот не се проблем

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, вчера учествуваше на форумот „EU Meets the Balkans 5.0“ во Софија. На почетокот тој ја поздрави публиката на бугарски јазик и посочи дека нема инструкции македонските претставници во Бугарија да зборуваат на англиски јазик. Димитровски истакна дека европската интеграција останува стратешка цел на Македонија и дека земјата ќе продолжи со реформите и усогласувањето со европските стандарди.
Во однос на човековите права, тој посочи дека почитувањето на правата на сите заедници е јасна определба на земјата. Во тој контекст, Димитровски рече дека вклучувањето на Бугарите во Уставот не претставува проблем, а тоа, според него, го потврдува и Акцискиот план за малцинствата. Тој нагласи дека е потребно заемно почитување на европските стандарди, вклучително и на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Димитровски изрази очекување дијалогот со Бугарија да продолжи во насока на надминување на отворените прашања и заемно почитување на правата.
Повеќе погледнете ТУКА.
