Македонија

(ФОТО) ОВА СЕ НАЈМАЛКУ АКТИВНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО: Ниту еднаш не се јавиле за дискусија, не поставиле пратеничко прашање, ниту членувале во комисија

(ФОТО) ОВА СЕ НАЈМАЛКУ АКТИВНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО: Ниту еднаш не се јавиле за дискусија, не поставиле пратеничко прашање, ниту членувале во комисија

Податоците од алатката „Пратеници.мк“, објавена од Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“, покажуваат дека тројца пратеници во првата половина од минатата година не кажале ниту збор во Собранието.

Али Ахмети, Мендух Тачи и Валентина Марчевска ниту еднаш не се јавиле за дискусија, не поставиле пратеничко прашање, не предложиле закон или амандман и не членувале во собраниска комисија. Ахмети присуствувал на само три од вкупно 56 седници, додека Тачи бил присутен на четири. За разлика од нив, Марчевска присуствувала на сите 56 седници.

Вкупно 45 од 120 пратеници воопшто не се јавиле за збор во дискусија, додека две третини од пратениците не поставиле пратеничко прашање. Најактивни во првата половина од годината биле Бојан Стојановски, Сали Мурати, Јованка Тренчевска, Тони Јаревски и Даниела Николова.