Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „СИ ВЕЛАМ ОД ПЕЧАЛБА ЌЕ ДОЈДЕ МОЈОТ СИН, А НЕГО ГО НЕМА“: 25 години од Љуботенските бачила, 25 години болка по Ивица Златевски
Мајката на Ивица Златевски со емотивно сведоштво. 25 години тага и непребол за својот син кој загина како македонски бранител.

Пред 25 години, кај Љуботенски бачила, беа убиени осум припадници на македонските безбедносни сили. Меѓу загинатите беше и Ивица Златевски, чија мајка Благица и по четврт век живее со болката од загубата на својот син. Таа вели дека тој ден останал најтешкиот ден во нејзиниот живот. И денес, како што раскажува, во себе го носи чувството дека Ивица ќе се врати дома. „Уште го чекам мој Ивица да се врати, си велам од печалба ќе дојде мојот син, а него го нема“, сведочи мајката. Нејзините насолзени очи и по 25 години ја покажуваат болката што не престанала. Таа вели дека големата болка по нејзиното чедо ќе заврши дури тогаш кога и самата ќе замине во гроб.
View this post on Instagram
Видеото е снимено во 2024 година. Извор: ТВ Алфа
Меѓу хероите, освен Ивица Златевски се најде и „Рамбо“.

‹ ПРЕТХОДНА ВЕСТ
ВО ВАРДАР СЕ БАРА „МЕТЛА“ ДО ВРВОТ: По отказот на тренерот Фабијани, дали виси на конец и столчето на Миленко Неделковски!?
СЛЕДНА ВЕСТ ›
(ФОТО) ОВА СЕ НАЈМАЛКУ АКТИВНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО: Ниту еднаш не се јавиле за дискусија, не поставиле пратеничко прашање, ниту членувале во комисија