Спорт
Дознај прв
ВО ВАРДАР СЕ БАРА „МЕТЛА“ ДО ВРВОТ: По отказот на тренерот Фабијани, дали виси на конец и столчето на Миленко Неделковски!?
Поразот од Шкендија ја отвори „пандорината кутија“ во Вардар. По отказот на Фабијани, се поставува прашањето дали виси и столчето на извршниот директор Миленко Неделковски.

По отказот на Кристијан Фабијани, во Вардар очигледно не завршуваат турбуленциите. Сè погласно се поставува прашањето дали промените ќе продолжат и во раководните структури на клубот, односно дали на излезна врата е и извршниот директор Миленко Неделковски. Во навивачките кругови веќе се бара негово заминување, особено ако се земе предвид дека вчера од трибините на стадионот се слушаше скандирањето „Оди си Миленко“.
Сепак, засега нема потврдена информација дека Неделковски ќе ја напушти функцијата. Незадоволството кај навивачите не се однесува само на тренерот и неговиот штаб, туку и на начинот на кој е составен тимот, направени засилувања, подготовките и резултатите.
Во медиумите утрово се појавија информации дека Јохан Тарчуловски би можел да биде наследник на Неделковски и дека тој е фаворит на „Комитите“. Сепак, според нашите информации ова најверојатно не е точна информација. Во игра, според нашите сознанија, се други имиња како поранешни јавни личности поврзани со спортското новинарство, но и личности кои со Вардар се поврзани преку работата во младинските категории.
Доколку дојде до промена, клубот би можел да се определи за човек кој добро ги познава Вардар и фудбалските прилики во Македонија. По Фабијани, сега останува да се види дали „метлата“ ќе запре кај тренерската позиција или ќе стигне и до самиот врв на клубот.
View this post on Instagram
