Регион

ГРЦИЈА ДОБИВА СВОЈА „ЖЕЛЕЗНА КУПОЛА“: Одобрени одбранбени системи вредни 3,5 милијарди евра

Грција го одобри системот „Ахилов штит“, познат како грчка „Железна купола“, во рамки на одбранбени набавки од 3,5 милијарди евра.

ГРЦИЈА ДОБИВА СВОЈА „ЖЕЛЕЗНА КУПОЛА“: Одобрени одбранбени системи вредни 3,5 милијарди евра

Грција одобри голем пакет за модернизација на своите вооружени сили, кој вклучува набавка на повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана од Израел. Одлуката била донесена на седница на Владиниот совет за национална безбедност, свикана од премиерот Киријакос Мицотакис. Централниот дел од пакетот е системот „Ахилов штит“, кој се опишува како грчка верзија на израелската „Железна купола“. Вредноста на планираните набавки достигнува до 3,5 милијарди евра.

Заштита од ракети, авиони и дронови

„Ахилов штит“ треба да обезбеди повеќеслојна заштита од балистички ракети, воени авиони и беспилотни летала. Системот ќе користи радари и ракети произведени од израелските компании „Рафаел“ и „ИАИ“. Покрај противвоздушниот систем, грчките власти одобриле уште десет одбранбени програми. Планирана е и набавка на различни видови дронови од Израел и од Соединетите Американски Држави, како и транспортни авиони Ц-390.

Атина планира да инвестира 28 милијарди евра

Новите системи се дел од поширокиот план за модернизација на грчката армија, во кој Атина планира да вложи околу 28 милијарди евра до 2036 година. Планот предвидува набавка на најмногу 40 американски борбени авиони Ф-35, како и модерни фрегати од Франција и Италија. Со овие инвестиции, Грција сака значително да ги зајакне своите противвоздушни и противракетни капацитети во следната деценија.

ОЗНАКИ: грција
Жан Митрев