Македонија

ЛИДЛ ЈА ПРОШИРУВА ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО БИТОЛА: Поставен камен-темелник за вториот маркет

Лидл постави камен-темелник за вториот маркет во Битола, со 1.546 м² продажен простор, 108 паркинг места и зелена површина.

ЛИДЛ ЈА ПРОШИРУВА ИНВЕСТИЦИЈАТА ВО БИТОЛА: Поставен камен-темелник за вториот маркет

Вториот објект на Лидл ќе има 1.546 квадратни метри продажен простор

Компанијата „Lidl“ официјално го означи почетокот на изградбата на својот втор продажен објект во Битола со поставување камен-темелник. Првиот маркет на компанијата во градот е веќе во финална фаза од изградбата, со што Битола ќе биде меѓу градовите во земјава со повеќе продажни локации на „Lidl“. Новиот објект ќе се гради на простор од 5.288 квадратни метри, а продажната сала ќе има површина од 1.546 квадратни метри. За потрошувачите се предвидени 108 паркинг места, додека повеќе од 20 отсто од парцелата ќе биде хортикултурно уредена и озеленета. Од „Lidl“ посочуваат дека инвестицијата е дел од долгорочната стратегија за развој на сопствена продажна мрежа во Македонија, со фокус на квалитет, енергетска ефикасност и одржливост. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оцени дека инвестицијата ќе придонесе за локалната економија, отворање нови работни места и поголема понуда за потрошувачите.

Битола ќе добие две продажни локации на „Лидл “

Со вториот маркет, германскиот трговски синџир дополнително го зајакнува своето присуство во Битола и продолжува со ширењето на мрежата во земјава. Компанијата, која е дел од Schwarz Group, управува со околу 12.900 маркети во 31 држава и вработува повеќе од 395.000 луѓе.