Економија

САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ДРЖАВНО? Огласи нудат плата до 54.000 денари за работа во министерството за јавна администрација

САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ДРЖАВНО? Огласи нудат плата до 54.000 денари за работа во министерството за јавна администрација

Министерството за јавна администрација објави огласи за вработување на повеќе работни позиции, меѓу кои инспектори, административни работници, референти и раководител на сектор, пренесе Фактор.

Највисоката плата изнесува 54.421 денари и е предвидена за раководител на сектор за нормативно-правни работи. За оваа позиција се бара високо образование од областа на правото со најмалку 240 ЕКТС кредити, како и најмалку пет години работно искуство во струката, од кои две години на раководно работно место во јавниот сектор.

Кај дел од останатите позиции се бара соодветно образование, а за некои работни места не се бара работно искуство. Платите за останатите позиции се движат од околу 32.000 до 36.000 денари, зависно од работното место. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови, меѓу кои се државјанство на Република Македонија, полнолетност, активно користење на македонскиот јазик и општа здравствена способност.

Министерството за јавна администрација го предводи Горан Минчев од партијата ЗНАМ.