Македонија

МИЦКОСКИ: Логично е со присуство на ЕУ да се преговара со Бугарија

Мицкоски изјави дека е логично разговорите со Бугарија да се водат во присуство на претставници на ЕУ, со цел аргументите на двете страни да бидат објективно сослушани.

МИЦКОСКИ: Логично е со присуство на ЕУ да се преговара со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е логично разговорите со Бугарија да се одвиваат во присуство на претставници на Европската Унија, со цел аргументите на двете страни да бидат објективно сослушани.

Фон дер Лајен во петок доаѓа во Скопје – Мицкоски за спорот со Бугарија

Мицкоски најави дека со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во петок ќе престојува во Скопје, ќе се разговара за актуелната состојба во процесот на проширување на ЕУ, како и за предизвиците што следуваат. Тој посочи дека случувањата во регионот, ЕУ и светот се показатели врз основа на кои државата треба да ги гради своите политики во наредниот период.

„Подготвени сме да разговараме на секоја тема“

Одговарајќи на прашањето дали со Фон дер Лајен ќе се разговара и за вклучување на ЕУ во разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека Македонија е подготвена да разговара за секоја тема. Според него, присуството на претставници на Европската комисија и ЕУ би овозможило аргументите да бидат слушнати објективно.

Мицкоски оцени дека доколку некој одбива да разговара, тоа значи дека не ги почитува основните вредности на демократијата.