Скопје
Дознај прв
СКОПЈЕ УТРЕ НА НОЗЕ: Стартува најмасовната еколошка акција за чистење во сите општини
Скопје утре започнува голема еколошка акција под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре!“, со учество на илјадници волонтери во сите општини.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека утре, 30 септември, со почеток во 10 часот, ќе се одржи најмасовната еколошка акција за чистење на Скопје, под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре!“.
Илјадници волонтери ќе се вклучат во акцијата
Во акцијата ќе учествуваат неколку илјади волонтери, сите скопски општини и градоначалниците, како и претставници од амбасадите, ученици, јавни личности, спортисти и бројни граѓани. Чистењето ќе се одвива во сите општини и во секое маало на територијата на градот Скопје.
Акциите ќе се одржуваат двапати месечно
Ѓорѓиевски нагласи дека акцијата нема да остане еднократна, туку вакви активности ќе се организираат редовно, двапати месечно. Целта е тие да прераснат во трајна традиција и навика за почиста и поздрава животна средина.
Повик до граѓаните да дадат личен пример
Градоначалникот упати јавен повик до сите сограѓани да ја поддржат најмасовната еколошка акција. Преку личен пример да придонесат за уредување на јавните простори, парковите и улиците.
