Спорт

НАЈУБАВАТА ПОБЕДА ЗА Д-Р БОРЧЕ КОСТОВСКИ: Стана татко на три деца на датумот кога Македонија го слави олимпискиот медал

Македонскиот таеквондо-селектор д-р Борче Костовски стана татко на три деца токму на датумот кога се одбележува олимпискиот успех на Дејан Георгиевски.

НАЈУБАВАТА ПОБЕДА ЗА Д-Р БОРЧЕ КОСТОВСКИ: Стана татко на три деца на датумот кога Македонија го слави олимпискиот медал

Македонскиот таеквондо-селектор д-р Борче Костовски стана татко на три деца, објави „МакСпорт“. Неговата сопруга на свет донела три нови животи, а радосната вест пристигна токму на 27 јули – датум со посебно значење за Костовски и македонскиот спорт.

Сребрен олимписки и златен животен медал

Борче Костовски стана татко на три деца токму на датумот кога се одбележува олимпискиот успех на Дејан Георгиевски. На истиот датум се одбележува и големиот успех што Костовски и Дејан Георгиевски ѝ го донесоа на Македонија – сребрениот медал од Олимписките игри. Костовски во своите јавни настапи често нагласува дека, покрај макотрпната работа и посветеноста, во целиот процес чувствувал и Божја помош.

Најголемата награда пристигна во семејството

Сега, на истиот датум, семејството на Костовски доби уште поголема причина за славење. Од „МакСпорт“ порачаа дека селекторот покрај сребрениот олимписки медал, го освоил и својот „златен животен медал“. До Костовски и неговата сопруга пристигнуваат голем број честитки за приновите и желби децата да бидат живи, здрави и среќни. „Еден ден и со нив на пиедестал“, порачаа од спортскиот медиум.