Хроника
Дознај прв
ОХРИД ЈА ДОБИВА ЕДНА ОД НАЈСОВРЕМЕНИТЕ БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Св. Еразмо“ до Нова година ќе добие ново крило и четири операциони сали
Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да добие ново крило со четири современи операциони сали, во инвестиција вредна над два милиони евра.

Св. Еразмо со четири современи операциони сали
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото крило, со кое значително ќе се зголеми капацитетот на операционите сали. Новината ја најави министерот за здравство Сашо Клековски, кој информираше дека е затворена финансиската конструкција за завршување на објектот. Инвестицијата ќе надмине два милиони евра, а средствата ќе бидат обезбедени од повеќе извори.
Инвестиција од над два милиони евра
Во финансирањето се вклучени Фондот за здравствено осигурување, буџетот на болницата, други државни институции, како и донации од општествено одговорни компании. Избран е добавувач кој треба да ги заврши градежните работи, додека постапките за набавка на медицинската опрема дел се во тек, а дел од опремата ќе биде обновена. Со новото крило, „Св. Еразмо“ од сегашниот капацитет од околу една и пол операциона сала ќе располага со четири современи операциони сали. Проектот треба да придонесе за подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поголем капацитет за лекување на пациентите.
