Скопје

ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ ВО НЕДЕЛА: Улици ќе бидат пренасочувани поради атлетска трка

Во недела, 27 септември, во Илинден ќе се одржи атлетска трка поради која ќе има посебен режим и пренасочување на сообраќајот.

ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ ВО НЕДЕЛА: Улици ќе бидат пренасочувани поради атлетска трка

Трка ќе се одржи во Илинден

Во недела, 27 септември, со почеток во 08:00 часот, во Илинден ќе се одржи улична атлетска трка во организација на Атлетскиот клуб „Скопски маратон“. Трката ќе започне пред Домот на културата на улица „9“, а трасата ќе продолжи по улиците „534“, „532“ и „10“ низ Илинден, Марино и Кадино. Кај кружниот тек во Кадино учесниците ќе се свртат назад и ќе се движат по истата траса до улица „2“, кај Домот за стари лица.

Сообраќајот ќе се пренасочува

Поради одржувањето на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат по околните сообраќајници во периодот додека се одвива трката. Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со настанот.

ОЗНАКИ: Трка