Регион

СЛОВЕНИЈА ЈА УКИНУВА ДЕВЕТОЛЕТКАТА: Од 2028 година се враќа осумгодишното основно образование

Словенија најави премин од деветгодишно на осумгодишно основно образование од учебната 2028/2029 година, со нов модел на образование.

СЛОВЕНИЈА ЈА УКИНУВА ДЕВЕТОЛЕТКАТА: Од 2028 година се враќа осумгодишното основно образование

Промената во Словенија треба да почне од учебната 2028/2029 година

Словенечкиот министер за образование Борут Рончевиќ најави реформа со која земјата ќе премине од деветгодишно на осумгодишно основно образование. Промената е планирана да започне од учебната 2028/2029 година, а организацискиот модел и наставните програми допрва треба да бидат финализирани. Според најавениот план, сегашното прво одделение би станало задолжителна подготвителна година во предучилишното образование, пред почетокот на осумгодишното училиште.

Реформата следи по резултатите од ПИСА

Министерството ја поврзува реформата и со резултатите од ПИСА 2025, на кои словенечките ученици забележале пад во читањето, математиката и природните науки. Рончевиќ најави и поголем фокус на основните знаења, дигиталните вештини, програмирањето, вештачката интелигенција и финансиската писменост. Во јавноста веќе се води дебата за промената, а словенечкото Министерство за образование на 23 септември објави истражување според кое 45,9 отсто од испитаниците го поддржуваат преминот на осумгодишно основно образование, додека 28,8 отсто се против.

ОЗНАКИ: Словенија