Свет
Дознај прв
РУСИЈА И СЕВЕРНА КОРЕЈА ГРАДАТ МОСТ: Украина стравува од нов коридор за воени испораки
Русија и Северна Кореја го завршуваат првиот патен мост меѓу двете земји, а Украина стравува дека ќе се користи за нови воени испораки.

Русија и Северна Кореја се блиску до завршување на првиот патен мост што директно ќе ги поврзува двете земји. Мостот е изграден над реката Тумен, меѓу рускиот Хасан и севернокорејскиот Тумангaнг, а официјално треба да придонесе за поголема трговска, туристичка и економска соработка. Проектот започна по договорот постигнат за време на посетата на Владимир Путин на Пјонгјанг во 2024 година.
Украина стравува од воена намена
Украински истражувачи и експерти предупредуваат дека новата патна врска може да се користи како дополнителен логистички коридор за транспорт на севернокорејско оружје, муниција и друга воена опрема кон Русија. Според нив, товарите пренесувани со камиони би биле потешки за следење преку сателитски снимки во споредба со постојната железничка врска. Москва и Пјонгјанг официјално тврдат дека мостот е наменет за развој на трговијата и намалување на транспортните трошоци.
Отворањето на мостот е одложено
Самата конструкција на мостот во најголем дел е завршена, но царинската и придружната инфраструктура на руската страна сè уште не е целосно подготвена. Поради тоа, отворањето, кое првично било планирано за јуни, е одложено без да биде објавен нов точен датум. Новиот мост ќе биде првата патна врска меѓу Русија и Северна Кореја, покрај постојниот железнички „Мост на пријателството“.
