Македонија

(ВИДЕО) САУДИСКА АРАБИЈА ВЛЕГУВА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Го претставија првиот електричен модел

Саудиска Арабија го претстави првиот електричен модел на својот бренд Ceer – моќен седан и SUV со до 850 коњски сили.

(ВИДЕО) САУДИСКА АРАБИЈА ВЛЕГУВА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Го претставија првиот електричен модел

Брендот Ceer од Саудиска Арабија

Саудиска Арабија го претстави својот прв сопствен електричен автомобилски бренд Ceer, а премиерно беа прикажани два модели од серијата Exobot – седан и SUV. Двата автомобили се целосно електрични, а најмоќните верзии развиваат до 850 коњски сили. Седанот од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,6 секунди, додека SUV-моделот за 2,9 секунди.

До 670 километри автономија и план за повеќе модели

Според податоците на производителот, седанот има автономија до 670 километри, а SUV-моделот до 560 километри, при што бројките се според NEDC-стандардот. Ceer е основан во 2022 година како заеднички проект на саудискиот државен инвестициски фонд PIF и Foxconn, со технологија и лиценци поврзани со BMW. Компанијата планира во следните пет години да развие вкупно седум модели, а првите автомобили се очекува да се најдат на пазарот во 2027 година. Проектот е дел од „Визија 2030“, стратегија со која Саудиска Арабија настојува да ја диверзифицира економијата и да ја намали зависноста од нафтата.