Свет

(ВИДЕО) ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ГО УРНА СВЕТСКИОТ РЕКОРД: Рубиковата коцка ја склопи за 4,27 секунди

Шестгодишната Лиан Јунжи двапати го подобри женскиот светски рекорд во склопување Рубикова коцка, со просечно време од 4,27 секунди.

(ВИДЕО) ШЕСТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ГО УРНА СВЕТСКИОТ РЕКОРД: Рубиковата коцка ја склопи за 4,27 секунди

Два рекорда за рубикова коцка за само три дена

Шестгодишната Лиан Јунжи од Кина двапати го подобри женскиот светски рекорд во склопување Рубикова коцка во период од само три дена. На натпреварите во Вухан и Гуангжу, таа прво постигнала просечно време од 4,52 секунди, а потоа го подобрила рекордот на неверојатни 4,27 секунди. Станала и првата натпреварувачка која во просек ја решава коцката за помалку од 4,5 секунди.

Вежбала по неколку часа секој ден

Според Би-Би-Си, младата натпреварувачка од кинеската провинција Сечуан тренирала по два до три часа дневно и совладала повеќе од 1.300 алгоритми за решавање на коцката. Рекордот се однесува на просечно време од пет решавања, што се користи за ваквите натпреварувања. Иако нејзиното достигнување е рекорд во женска конкуренција, апсолутниот рекорд во индивидуално решавање на 3x3x3 Рубикова коцка е 2,76 секунди, додека најдобриот просек изнесува 3,51 секунда.